Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 07/03/2019 | 10:55

Започнува пролетниот дел од 2МФЛ – ФК ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР

Викендов, после три месечна пауза започнува вториот или пролетниот дел од Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Гостиварските екипи ФК Гостивар и Генч Калемлер имаа запазена улога во есенскиот дел од сезоната. Веќе во вториот дел, нема простор за калкулации, пред почетокот на првенството двата клуба излегоа со различни амбиции, ФК Гостивар нишанеше на директен пласман во Првата лига, ФК Генч Калемлер да заврши што повисоко во средината на табелата. Дали ќе се остварат амбициите на второлигашите, останува до го дочекаме крајот на сезоната.

Фудбалскиот клуб Генч Калемлер, ја заврши полусезоната на 8-тото место на табелата со 16 бодови. Од 14 одиграни натпревари имаат скор од 4 победи, 4 нерешени натпревари и 6 порази. На два бода се од опасната зона на испаѓање. Лидерот на табелата има 12 бодови повеќе.

Бирол Топчиу ја искористи зимската пауза за елиминириање на недостатоците од есенскиот дел и дополнително воигрување на екипата за периодот што претстои. Првиод дел од подготовките ги одработија во Гостивар, додека вториот дел во Анталија каде имаа неколку меѓународни тест натпревари. Во Анталија имаа безпрекорни услови и сигурно тоа позитивно ќе се одрази врз фудбалерите. Генч Калемлер активно го искористија и трансфер периодот, клубот го напуштија: Елвир Беќири, Бесим Алили, Стефан Симоновски и Исмаил Абдулаху.

Како нови појачувања во тимот пристигнаа: Бујар Иљази, Бесир Рамадани, Берат Исмаили, Изет Ајрулаху, Бојан Трајковски и Аријан Ејупи.

ФК Генч Калемлер пролетниот дел од сезоната го отвара на домашен терен, во сабота од 13.30 на градскиот стадион во Гостивар ја пречекува екипата на ФК Скопје.

Напишете коментар

Close