Вести
Започнува пролетниот дел од 2МФЛ – ФК ГОСТИВАР

Викендов, после три месечна пауза започнува вториот или пролетниот дел од Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Гостиварските екипи ФК Гостивар и Генч Калемлер имаа запазена улога во есенскиот дел од сезоната. Веќе во вториот дел, нема простор за калкулации, пред почетокот на првенството двата клуба излегоа со различни амбиции, ФК Гостивар нишанеше на директен пласман во Првата лига, ФК Генч Калемлер да заврши што повисоко во средината на табелата. Дали ќе се остварат амбициите на второлигашите, останува до го дочекаме крајот на сезоната.
ФК Гостивар, ја заврши полусезоната на 5-тото место на табелата со 19 бодови. Од 14 одиграни натпревари имаат скор од 6 победи, 1 нерешен натпревар и 7 порази. Лидерот на табелата има 9 бодови повеќе, односно 8 бодови од местото кое носи плеј-оф за влез во Првата лига.
Ерџан Менга ја искористи зимската пауза за дополнително воиугрување на екипата, припремите ги одработија во Гостивар и имаа неколку подготвителни тест натпревари со Шкендија, Ренова, Победа, Скопје Саса и Кораб. Има промени и во играчкиот кадар на ФК Гостивар, клубот го напуштија двајцата голмани Артан Иљази и Осман Даци, заминаа уште и Ерсин Фетаи, Ваљон Зеќири, Фати Исмаили, Дејан Велевски, Стефан Лазаревиќ и Флорент Османи.
Како појачување во тимот дојдоа: Ферат Рахмани (голман), Јасир Селмани, Јилбер Алили, Башким Лама, Кристијан Ристовски, Руштем Рамадани, Елвир Беќири и Иљас Чилафи. Со костурот на тимот од есенскиот дел, поддржани со новите фудбалери, ФК Гостивар ќе се бори за место кое води во 1МФЛ.
ФК Гостивар го отвара вториот дел со натпреварот со Тетекс. Полошкото дерби ќе се одигра во сабота од 14.30 часот во Тетово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?