Гостивар
Започнува субвенционирањето за зголемување на платите
Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите, започнува да се применува со исплата на платата за октомври 2019 година, информира УЈП. Субвенциите ќе важат за покачување на плата од 600 до 6.000 денари, а барањата работодавачите треба да ги поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата до УЈП, каде ќе се врши проверка дали условите се исполнети како и пресметка за износот на субвенционирани придонеси.
„Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноствен начин да можат да го остварат правото. УЈП износот го дојавува до МТСП за тоа да ги плати субвенциите на придонесите, за висината на покажувањето на платите“, објасни Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Субвенционирање на придонеси може да користи обврзник кој:
- има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно Законот за трговските друштва,
- нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенционирање на придонеси,
- за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период.
- за осигуреник за кој има зголемување на плата, утврдена како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од обврзникот во референтниот период.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград