Македонија
Започнува Великиот пост – денес е Чист Понеделник

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник, ден кога за православните верници започнува Велигденскиот (Велики) пост. Обичаите налагаат денес да се исчисти куќата, особено садовите и приборот за храна. Во минатото нивното темелно чистење се правело со брашно, пепел и со подолго вриење.
Велигденскиот пост трае вкупно 48 дена. Четириесетницата од Чист понеделник до Лазарева сабота и Страстната недела – од Цветници до Велигден. Исус Христос пред да почне да го проповеда своето учење, поминал четириесет дена во пустина во строг пост и молитви. Во тој период се случиле и неговите најголеми страдања и затоа постот е проследен со многу телесни и душевни одречувања, со самоконтрола на страстите и со подготовки за причесна.
Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата, се деновите наречени тримери. Во средата, кај оној што ги “држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости, а домаќинката подготвувала варена пченица, компот од црни сливи или друго сушено овошје. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.
За празниците Благовец и Цветници дозволена е употреба на риба.
Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден