Вести
Започнува Втората кошаркарска лига – Гостивар со свој претставник и во ова натпреварување
Започнува натпреварувањето во Втората Македонска кошаркарска лига сезона 2018/2019. Гостивар и во ова натпреварување ќе им свој претставник.
Вкупно дваесет и пет екипи го пријавија своето учество во оваа лига што е рекорден број на учесници во овој ранг на натпреварување. Втората лига за претстојната натпреварувачка сезона ќе биде поделена на исток и на запад. Во лигата исток ќе се натпреваруваат 13 екипи, во запад една помалку 12.
КК Гостивар ќе ја брани честа на Гостивар во ова натпреварување, кое по квалитетот е најблиску до Првата лига. Голем дел од играчите кои немаат голема минутажа во првиот тим своето знаење ќе го покажат во ова натпреварување, како и најталентираните кошаркари од младинската школа на КК Гостивар ќе имаат можност за докажување.
На отварањето на сезоната КК Гостивар ќе игра против екипата на Неготино, во спортската сала Младост во недела од 13 часот. Влезот е слободен за сите љубители на кошарката.
Оваа сезона во дресот на КК Гостивар во Втората кошаркарска лига ќе настапуваат:
1 Саше Ѓиноски
2 Здравко Јосифоски
3 Антонио Симуноски
4 Марјан Ѓорѓиевски
5 Платин Џеладини
6 Благојче Николоски
7 Роберт Срезоски
8 Кипре Серафимоски
9 Иван Апостолоски
10 Таулант Ибраими
11 Душко Стојчевски
12 Кристијан Столевски
13 Борис Дуковски
14 Емирхан Керала
15 Јовица Трпевски
16 Никола Карафиловски
Тренер на екипата е Петар Ангелов, помошник Денис Селими.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград