Поврзи се со нас

Спорт

Започнуваат вистинските возбудувања во Младост – КК Гостивар го пречекува МЗТ Скопје

Објавено

на

Денес започнуваат вистинските спортски возбудувања кои ги приредува Кошаркарскиот клуб Гостивар, само овој пат во нешто поинаква улога. По низата лоши игри и четирите порази од последни пет натпревари гостиварци се најдоа во позиција во која „виси“ пласманот во плеј-оф фазата во која продолжуваат најдобрите 8 екипи.

На КК Гостивар до крајот на регуларниот дел му остануваат уште три натпревари (ТФТ Скопје, Работнички, МЗТ Скопје) од кои, доколку сака да се најде помеѓу топ 8, мора да добие еден од овие три дуели.

Прв на мегдан излегува екипата на МЗТ Скопје. Денеска од 16 часот во Спортската сала Младост ќе се судрат овие две екипи кои немаат право на кикс. „Штрковите“ поради ковид пандемијата, како и учеството во АБА2 натпреварувањето имаат одиграно само 12 натпревари и во моментот се наоѓаат на предпоследната позиција, но и со 10 натпревари помалку во кои нема многу простор за калкулации, доколку не сакаат да се најдат во плеј-аут завршницата.

Кај „бело-сините“ ѓаволот ја однесе шегата од поодамна, без разлика против кого, неопходно е да обезбедат една победа, во спротивно оваа гарнитура на теренот ќе ја забележи најлошата сезона во поновата историја на клубот од Гостивар и ќе игра за опстанок.

Силно одекна разделбата помеѓу КК Гостивар и Србиноски, која дојде после изненадниот пораз во последното коло од МЗТ2, но тоа е дел од спортот и обете страни се свесни дека ова е еден од начините, да се разбие негативната серија. Новиот шеф на стручен штаб, Александар Јончевски ќе има „жешко“ деби на клупата на гостиварци, но искусниот стратег бил во неколку вакви ситуации каде во повеќето излегол како победник.

Натпреварот со МЗТ Скопје е закажан за 16 часот и се игра без присуство на публика под засилени безбедносни мерки. Обезбеден е livestream, а МРТВ после подолго време ќе врши директен пренос од Гостивар.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 21 минута

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 1 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 3 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 4 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена