Поврзи се со нас

Деца Родители

Запоставувањето дете поради телефонот носи можни лоши трајни последици

Објавено

на

Паметните телефони се голем дел од човековото секојдневие, па лекарите предупредуваат дека тоа станува сериозен светски проблем. На пример, родителите кои ги игнорираат своите деца и минуваат доста време на своите паметни телефони, ги изложуваат децата на опасност од депресија, сметаат стручњаците.

Кинески научници кои проучувале 530 ученици на возраст од 10 до 18 години за да видат дали се жртви на тој вид запоставување дошле до занимливи откритија. Имено, децата чии родители биле „опседнати“ со телефонот, покажале поголеми симптоми на депресија при пополнувањето на прашалникот од оние чии родители не биле често со мобилните в рака.

„Запоставувањето од родителите е сè почеста појава, при што родителот го користи мобилниот телефон во интеракциите со своите деца, а тие се чувствуваат исклучени“, објаснуваат научниците во напис објавен во „Журнал“.

Така, примерите за родителско запоставување вклучуваат „редовно“ проверување на телефонот за време на оброците и постојано гледање во екранот и известувањата на него. Кинескиот научен труд содржел и прашања за учениците, меѓу другото, и за рангирањето, по своите гледишта, за родителската топлина и отфрлањето. Лицата кои учествувале во истражувањето биле на возраст меѓу 10 и 18 години.

Откритијата говорат дека родителите колку повеќе време минуваат со паметниот телефон в рака, толку е поголема веројатноста децата да развијат депресија или анксиозно нарушување.

Односно, децата на родителите кои се „врзани за нивните телефони“ се чувствувале лошо, отфрлено и добиле помалку внимание од возрасните, за кои, пак, сметаат дека се повеќе заинтересирани за екранот, отколку да им посветат внимание ним, тврдат стручњаците.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 7 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 9 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 10 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 12 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 13 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена