Забава
Заработка од отпад-во старите мобилни има злато!
Отпадот не мора да биде проблем, туку извор на финансии. Додека во Македонија мачиме мака со депонирањето и транспортот на отпадот, во Шведска на пример, има дури недостиг од отпад, затоа што речиси целото количество што се продуцира од граѓаните, оди на рециклирање.
Темата е опширна и сложена, барем за наши услови. Истражувајќи, наидовме на доста интересни податоци околу искористувањето на отпадот, што од него може да се прави, како да се заработи и слично.
-Не го фрлајте стариот мобилен телефон. Во секој мобилен телефон има околу 23 милиграми злато. За една година во светот се произведуваат 1,3 милијарди телефони, а само 10% од нив се рециклираат. Анализите зборуваат дека така, 20 до 22 тони злато завршува во ѓубре.
-Едно истражување за навиките на македонските граѓани покажало дека 19 % од нив чуваат најмалку по еден стар телевизор, 20 % стар телефон, 22 % ладилник, 17 % од граѓаните чуваат стар електричен шпорет, а дури 33 % од нив имаат по некој стар компјутер или печатач во своите домови или визби.
-Со рециклирање на еден тон канцелариска хартија се спасуваат 17 дрва, се заштедува 4.200 киловати енергија и 3.200 литри вода. Односно, со рециклирањето на хартијата се прави помала штета врз животната средина, за 60% се заштедува енергија во однос на добивање хартија од дрво, а за 15% се намалува и потрошувачката на вода.
-Во Шведска речиси целиот отпад се рециклира и се употребува одново и одново. На депонија, како нерециклирачки завршува помалку од 1% од отпадот настанат во шведските домаќинства.
-Приказната за најмалиот бизнисмен со отпад доаѓа од Мисури, САД. Сем Клеин, кој сега има 15 години, веќе на 12 години сфатил дека од отпадот може да се заработува. Слободното време го користел за да ги обиколи локалните компании, од каде што собирал празни кутии, разни амбалажи и слично. Кога ќе соберел доволно, ги селектирал и ги носел кај компаниите што ги произведуваат, кои за тоа му плаќале извесна сума. Сепак, младото момче не се фокусирало на профитот, па парите што ги заработува на овој начин ги донира во добротворни цели.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград