Гостивар
Заразените со ковид во Гостивар со полесна клиничка слика, на инфективно има 4 пациенти

Бројот на ковид позитивни на гостиварското подрачје е во пораст, но за разлика од претходните бранови, повеќето пациенти сега се со полесна клиничка слика, а компликациите и посериозните последици се поретки. Како што информираше раководителот на инфективното одделение во гостиварската болница, д-р Ратко Наумоски моментално хоспитализирани се 4 пациенти позитивни на корона.
„Хоспитализираните пациенти се во релативно добра општа состојба и немаат потреба од терапија со оксиген. Задржани се поради воспаление на бели дробови или бронхит. Амбулантски е многу зголемен бројот на пациенти кои доаѓаат со симптоми на грип или ковид, и од нив доста добиваат позитивен резултат на тестот. Иако се позитивни, повеќето се со полесна клиничка слика. Тие ги имаат симптомите, значи главоболка, покачена температура, малаксаност, но за разлика од поранешните бранови клиничката слика е многу полесна. Во едно деноноќие за амбулантски прегледи се јавуваат по 40 до 50 лица, и карактеристично е што опаѓа возрасната граница, значи повеќето се од 35 до 45-50 години.“, вели д-р Наумоски.
Според официјалните податоци од Министерството за здравство, во период од една недела во Гостивар регистрирани се 62 случаи на грип и 90-тина на ковид.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја