Поврзи се со нас

Спорт

Заседаваше УО на КК Гостивар – Ќе гледаме ли меѓународна кошарка во Гостивар?

Објавено

на

Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар синоќа одржа состанок, прв после прекин на првенството и воведувањето на вонредна состојба во земјава поради коронавирусот, на кој беа донесени мошне важни одлуки за натамошното функционирање на клубот.

На состанокот покрај реорганизациските активности за кои извествиме дека Стојмир Дејановски е нов претседател на УО, проектиран е планот и буџетот за наредна сезона во која можеби кошаркарскиот клуб ќе ги израдува своите навивачи со меѓународна кошарака во Гостивар.

Како дознава Gostivarpress.mk, Управата на клубот ја има на маса понудата од АБА2 лигата, дури остварени се контакти со канцеларијата на Јадранската лига, дадено е зелено светло и Гостивар веќе се наоѓа во план мапата на градови со кои се крои распоредот за натпреварување во новата сезона.

„Учеството во ова натпреварување не зависи од пласманот на табелата, од КФМ ја имаме поддршката како и секој клуб кој сака да се промовира надвор од границите и најважното Управата и спонзорите на КК Гостивар се сериозно подготвени за овој предизвик. Го добивме правилникот за учество во оваа АБА2 лига и мора да признаеме дека е поприлично сериозен проект и критериумите се на многу повисоко ниво од она на што сме навикнати, техничките нормативи се прецизно поставени и покрај финансискиот дел, клучни се за учеството на КК Гостивар во ова натпреварување“, откриваат од КК Гостивар.

Единствена пречка во моментов е спортската сала Младост која не ги исполнува во целост бараните технички услови за натпреварување од ваков вид со која стопанисува Општина Гостивар. Проблем за кој уште вчера е одржан состанок со градоначалникот Арбен Таравари и во клубот добиле ветување дека општината ќе ги преземе сите потребни дејствија до почеток на првенството салата да ги отстрани недостатоците.

„Условите во салата, не се ни блиску до оние кои се непоходни за учество во ваков ранг на натпреварување, греењето во сала, состојбата на соблекувалните, семафорите, кровот на салата, влезните врати, осветлувањето, инфраструктурата околу спортскиот објект се само мал дел од основните предуслови кои ги потенцира комисијата за натпреварувања на Јадранската лига. Поддршката од општината, односно состојбата со спортската сала Младост во случајов е единствената пречка Гостивар да биде рамо до рамо со големите спортски центри од екс-ју републиките. Вчера се сретнавме со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој покажа реален интерес и ни вети дека ќе застане позади оваа голема можност за промоција на нашиот град на меѓународна сцена со што ќе направи напори да ги санира сите недостатоци пред почетокот на натпреварувачката сезона„ велат од КК Гостивар.

Потврда за учеството на гостиварскиот прволигаш во Јадранската лига, треба да се официјализира во наредниот период, откако ќе се добијат цврсти гаранции дека Гостивар е подготвен да се справи со овој предизвик и секако колку тоа ќе го дозволи Ковид-19.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 20 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 30 минути

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена