Поврзи се со нас

Технологија

Заштитете се од актуелниот „WannaCry“ рансомвер компјутерски напад

Објавено

на

Во Македонија до сега нема пријавен случај на инфициран компјутер или сервер со актуелниот рансомвер компјутерски вирус. Сепак, надлежните сметаат дека  постои висок ризик од зараза кај компјутерите со постари оперативни системи (XP, Vista и Windows 8), а особено кај нелегални инсталации кои и самите во најголем број случаи содржат малициозен софтвер, кој може подоцна да се искористи за сајбер напади. Инфекцијата со овој рансомвер се манифестира преку шифрирање на документите на компјутерот од корисникот.

Министерството за информатичко општество и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти излегоа со препораки за заштита на компјутерите и инсталации на надградбите и потребните закрпи. Општите препораки се:

– За компјутери со OS Windows 10 – Инсталација на надградбата објавена од страна на Microsoft под име MS17-010. https://technet.microsoft.com/en-us/library/security/ms17-010.aspx;

– За компјутери со постари оперативни системи (Windows XP, Vista и Windows 8) – избор, преземање и инсталација на соодветната закрпа зависно од верзијата на оперативниот систем, на www.catalog.update.microsoft.com/Search.aspx?q=KB4012598

– Постојано активна антивирусна и антиспам заштита на компјутер со редовно – дневно ажурирање на вирусни дефиниции

– Активен Firewall / огнен ѕид на оперативниот систем

– Редовна инсталација на надградбите и закрпи кои Microsoft ги објавува

– Вклучување на опција за снимање на состојби на системот и креирање на точки за реставрација

– Редовен бекап на важните податоци и документи на надворешен уред како USB драјв или надворешен хард диск, кој не е постојано приклучен на копмпјутерот

– За корисниците чии компјутери се инфицирани со овој или друг вид на рансомвер проверка дали за тој тип рансомвер постои бесплатно дешифрирање, на веб страницата https://www.nomoreransom.org/

– Користење на лиценциран оперативен систем и внимателно работење на интернет.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена