Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Заштитете се од Сонцето навреме

Објавено

на

 

Кожата памети се` и враќа. Оваа изрека секој од нас треба да ја има на ум, особено во периодите на првите силни сончеви зраци. Деновиве секако почувствувавте како и колку може да пржи пролетното Сонце. Сите го посакувавме топлото време и едвај чекавме да се пуштиме во долги, опуштени прошетки надвор. Но, не треба да се залажуваме дека Сонцето ништо не ни може, само затоа што не е јули или август. Едно е сигурно, мерки на заштита мора да се преземат, за да си ја зачуваме кожата и нашето здравје.

Стручњаците препорачуваат да користите крем со заштитен фактор најмалку 15 за оние делови кои ви се изложени на Сонце овој период, како рацете или нозете. За лицето секако задолжително. Истиот да се намачка по кожата во доволна количина, бидејќи ако слојот е тенок, може да ја намали делотворноста за 50 проценти. Лицата со светла кожа и со поголем број младежи, треба да го зголемат факторот на заштита и да користат креми со фактор 30 и 50. Правило е кремот  да се нанесува 20-30 минути пред изложување на сончеви зраци, за да го впие кожата. И усните треба да се заштитат, а тоа се постигнува со добар балзам со заштитен фактор. Ушите, исто така, се чувствителни, па не е лошо да си носите капче или лесна, проѕирна марама.

На кој начин делуваат препаратите за заштита од сонце?  Заштитните спрејови, лосиони, креми се направени од мешавина на хемикали. Неорганските хемикалии ги рефлектираат, односно одбиваат сончевите зраци од кожата, а органските ги апсорбираат штетните УВ зраците, наместо кожата. Како што ги апсорбираат зраците, органските компоненти на кремата полека се распаѓаат и ослободуваат топлина.

Некои неоргански материи, вклучувајќи ги минералите како цинк оксид или титаниум диоксид, делуваат како физички блокатори на сонцето. Тие ги рефлектираат УВ зраците слично како што белата боја ја рефлектира светлината.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар по 9 години се врати во Првата македонска фудбалска лига

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Македонијапред 4 недели

За храна и сметки потребни најмалку 49.384 денари

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена