Гостивар
Засилена контрола на пешаци, во Гостивар над 30 казни

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (17 октомври) од 9 до 14 часот спроведоа засилена акциска контрола на пешаци, во која вкупно се откриени 75 прекршоци (ТЕ-42 и ГВ-33).
Најголемиот број од прекршоците (72) се однесувале на преминување надвор од пешачки премини (ТЕ-39 и ГВ-33), додека 3 (ТЕ) пешаци непочитувале светлосна сигнализација на крстосници. На сите пешаци-прекршители изготвени им се поднесоци и покани за присуство на таканаречени сообраќајни поуки, со напомена дека паричните глоби за овие видови прекршоци се движат од 30 до 50 евра во денарска противвредност.
Во акциската контрола биле санкционирани и 27 други видови прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-6). Секторот за внатрешни работи Тетово со совет до пешаците да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, туку исклучиво на обележани премини и задолжително да се движат по тротоари или други површини за таа намена.На возачите,пак, им се укажува секогаш и секаде да им даваат предност и да ги пропуштаат пешаците, не само на обележани премини и да ја прилагодат брзината, посебно во близина на училишта или други јавни објекти, каде е најголема сообраќајната фрекфренција.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Гостиварпред 1 месец
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година