Гостивар
Засилени контроли и апел да не се користат петарди и друга пиротехника

Секторот за внатрешни работи Тетово ги засили планираните контролни и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства во пресрет и за време на серијата претстојни празници.
На трговците, родителите и учениците, основци и средношколци, уште еднаш им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (член 31) е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини, пак, е спротивно на Кривичниот законик (член 396) и за тоа дело е предвидена парична или казна затвор до три години.
„Секторот за внатрешни работи Тетово апелира да не се употребуваат пиротехнички средства кои можат да причинат повреди. Се апелира, исто така, на свадби или други семејни свечености граѓаните да се воздржат од употреба на разновидна пиротехника, огномети и слично, но и од пукање со огнено оружје, зашто во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и со законски предвидените санкции.“, наведува полицијата.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022