Гостивар
Засилени контроли низ локалите во Гостивар и Тетово, казни за служење алкохол на малолетници
Полициските службеници на СВР Тетово ги засилија контролните активности во угостителските објекти во кои најчесто престојуваат младите во Гостивар и Тетово, со цел да се превенираат или санкционираат евентуални прекршоци од областа на јавниот ред и мир и посебно престојување на малолетници по законски дозволеното време, како и нивно послужување со алкохолни пијалаци.
СВР Тетово потсетува дека консумирањето алкохол во поголеми количини, односно оддавањето на пијанство на јавно место е прекршок за кој согласно член 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 50 до 150 евра во денарска противвредност.
„Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел до сопствениците на угостителски објекти да не им овозможуваат да престојуваат по 24 часот и посебно да не ги послужуваат малолетници со алкохолни пијалаци, зашто тоа претставува кривично дело за кое според член 204 од Кривичниот законик е предвидена парична или затворска казна од три месеци до три години. Доколку, пак, малолетникот е под 14 години, затворската казна се движи од една до пет години.“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар