Македонија
Засилени контроли низ шумите и ригорозни казни за предизвикување на пожари

Според информациите од Центарот за управување со кризи до 8 часот утрово, има повеќе активни пожари во шуми и шумски предели во скопскиот, велешкиот, охридксиот, тетовскиот, штипскиот и кумановскиот регион. Во гостиварско, во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, бил пријавен шумски пожар кај село Ѓурѓевиште, каде интервенирала екипа на ТППЕ Гостивар и пожарот бил локализиран.
Владата преку соопштение најостро го осуди палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и ги повика институциите редовно ги следат сите локации низ земјава, со цел да се превенираат предизвикани пожари.
„Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции. Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители. Исто така, потенцираме дека Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење на стрништа.“, наведуваат во соопштението.
Владата упати апел и до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации.
Поради појавата на шумски пожари од 29 март воведена е забрана за движење во шума и шумско земјиште. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра.
Граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, треба да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. „Воедно ги охрабруваме сите граѓани да пријават лица кои потпалуваат стрништа и оган на отворено во најблиските полициски станици или на телефонскиот број 192.“, велат властите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024