Гостивар
Засилени контроли во локалите во Гостивар и Тетово за гласна музика, точење алкохол на малолетници…

Летнитот период во угостителските објекти, пред се во кафулињата и во дискотеките, претежно за викендите, се организираат различни забави и дружби, неретко проследени со гласна музика, која ги вознемирува другите граѓани, а пред се оние што живеат во близина на локалите, предупредува СВР Тетово, дополнувајќи дека ова, најмногу се однесува на објектите кои се наоѓаат во приземјата на станбените згради.
Поради тоа, полицијата апелира до сопствениците на кафулиња, дискотеки и други угостителски објекти да внимаваат на јачината на музиката што ја пуштаат во нивните локали или ја свират музичките групи и истовремено ги потсетува дека глобата за ваквиот вид прекршок за правните лица се движи од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ( член 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ) и од 200 до 500 евра за нивните одговорни лица.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, исто така, угостителите да не дозволуваат престојување на малолетници во објектите по 24 часот ( член 21 од ЗППЈРМ), ниту да ги послужуваат со алкохолни пијалаци, бидејќи во тој случај ги очекуваат поднесоци и парични глоби.За послужување алкохол на малолетници,пак, угостителите можат да бидат и кривично гонети.
Секторот за внатрешни работи Тетово значително ги интензивираше контролните активности во угостителските објекти и сите прекршоци кои се откриваат во нив, соодветно се санкционираат.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022