Поврзи се со нас

Македонија

Затворена Зоолошката градина во Скопје, инспектори од АХВ вршат контроли

Објавено

на

    Зоолошката градина во Скопје денеска е затворена, а како што се наведува во нивното известување залепено на самиот влез, причина се техничко оперативните работи. Сепак, во текот на денот дел од медиумите и на социјалните мрежи беше објавено дека скопската Зоолошка градина не работи поради сомнежи за бактерија или вирус кај птиците.

    „Почитувани посетители, ве известуваме дека поради техничко оперативните работи, на ден 19.10.2024 година, сабота, Зоолошката градина за посетители нема да биде отворена. Ви благодариме за разбирањето“, стои во известувањето на Зоолошката.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА потврдуваат дека во Зоолошката градина се нивни инспектори, но и дека исто така таму се изведуваат технички зафати. Засега не се соопштува која е причината за присуството на инспекторите во Зоолошката градина.

    АХВ најавува дека во текот на денот ќе ја информираат јавноста преку соопштение.

    Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова за МИА вели дека до попладнево не добиле известување од Агенцијата за храна и ветеринарство дека има потреба нивни екипи да излезат на терен и да направат епидемиолошки анкети со вработените во Зоолошката градина. Тоа може да се случи само доколку болеста или, како што се прошири во јавноста, „птичјиот грип“ се пренесува на луѓе. – Ние сме подготвени доколку е потребно веднаш да излеземе на терен, вели Андонова.

    Поранешниот директор на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски на својот профил на Фејсбук претпладнево напиша дека смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во Зоолошката градина во Скопје.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена