Поврзи се со нас

Гостивар

Затворени ковид центрите на интерно и нервно во Гостивар, 16 пациенти се лекуваат на инфективното одделение

Објавено

на

По силниот ковид бран што го погоди регионот на Гостивар во март и почетокот на април, состојбата сега е смирена и се одржува на стабилно ниво. Има мал број новозаразени како и значително помалку пациенти со компликации на кои им е неопходна хосиптализација. Поради тоа ковид центрите на интерното и нервното одделение во гостиварската болница, кои претходно беа отворени заради наплив на пациенти, се затворија. Болни од коронавирус сега се лекуваат само на инфективно, каде моментално има осум слободни кревети. Во модуларната болница привршуваат работите за  поставување на централен довод на кислород. Таа ќе се активира наредната недела доколку има потреба од проширување на капацитетите.

„Денес на инфективното одделение имаме 16 пациенти, од кои пет добиваат кислородна поддршка, а двајца се во потешка состојба. Моментално пациенти со ковид се хоспитализираат само на инфективно, другите ковид центри се затворени. Очекуваме од понеделник натака да се пушти повторно модуларната болница, доколку има зголемен број на пациенти. Таму се поставува централен кислород. Добро е што состојбата е смирена, немаме голем број на пациенти на болничко лекување“, рече д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Во однос на имунизацијата против коронавирус, кај лекарите нема дилема дека граѓаните треба да примат вакцина. За оние кои ја прележале болеста се препорачува вакцинација по 4 до 5 месеци.

Сите вакцини се добри и населението треба да се вакцинира, вели д-р Наумоски. „Нема добра или лоша вакцина, граѓаните треба да се вакцинираат и секако да ги почитуваат мерките за заштита, за да немаме повторно нов бран. Персоналот на инфективно се вакцинира, еве денес уште тројца примаат вакцина. Јас лично заради патување и правилата со ковид пасоши, преферирам да се вакцинирам со Фајзер, но се надевам и би требало во брзо време да се прифатат сите вакцини како валидни за патување. Инаку, нема вакцина што не е добра“, вели д-р Наумоски.

Бројката на активно заразени со коронавирус во општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште актуелно изнесува 330.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена