Македонија
Затвореник од Идризово избегал од полициско комбе, за време на транспорт од Клинички кон затворот
Пред повеќе од еден час затвореникот Фидан Исени успаеал да им избега на двајцата чувари, кој од Клиничкиот центар требале да го вратат назад во затворот „Идризово“, информира порталот Фокус.
Затвореникот го искористил невниманието на чуварите, кои според директорот на затворот Боби Мојсовски ја смениле рутата на движење.
-Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, вели директорот Мојсовски во изјава за „Фокус“, кој додава дека ќе се превземат мерки за одговорност на чуварите.
Затвореникот Исени бил осуден на затворска казна од 7 години и шест месеци и тоа за повеќе кривични дела, односно за предизвикување на општа опсност, насилство, криумчарење на мигранти.. Затвореникот бил повратник, а досега одлежал една година и шест месеци од казната.
Извор: Фокус.мк
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар