Поврзи се со нас

Деца Родители

Зависност од интернет – Ве фаќа ли паника ако не можете да се уклучите онлајн?

Објавено

на

Зависноста од интернет личи на сите други болести на зависност. Сличноста помеѓу зависноста од една супстанца и зависничкото однесување во кое се влегува и зависност од интернет се состои во тоа што и едното и другото предизвикуваат желба, зголемување на толеранција и предизвикуваат апстиненцијален синдром и имаат висок потенцијал за рецидив.

И покрај високиот потенцијал за развивање на зависност, интернетот е неопходен алат за работа на современиот човек. Кога некој поради работа и едукација со саати седи на компјутер тоа не се смета за зависност. Последиците на зависност се големи и тешки, од здравствени (телесни и психички), преку социјални, семејни па до професионални. Поради тоа е неопходна едукација на корисникот за да може да го сочува здравјето и да може да го користи интернетот на рационален начин. Важно е да се сочува здравиот стил на живеење, а со тоа и самото здравје.

Британската агенција Ројтерс објави фрапантни податоци за интернет зависноста. Според нив од новодефинирани пореметувања кои се појавуваат поради неможност да се дојде до пристап на интернет, боледуваат 44% од луѓето, додека пак 27% признале дека се под голем стрес кога не се во можност да се приклучат на интернет. Според овие податоци 76% од популацијата не може да живее без интернет, 19% од популацијата поминува повеќе време на интернет одошто со своето семејство, 47% веруваат дека интернетот во животот на човекот е поважен од се, додека 20% му посветуваат повеќе време на интернетот одошто на својот партнер.

Се поголемата пристапност на интернет довел до тоа да имаме секогаш „инстант одговори“ на се што не интересира, само со неколку клика може да дојдеме до секаква информација и на тој начин стануваме зависни од интернет. Ако зависникот од интернет е предолго одвоен од интернетот, доаѓа до зголемен крвен притисок, зголемена мозочна активност.

Зависноста од интернет се дефинира како силно клиничко пореметување со големи негативни последици на социјално, рботно, семејно, финансиско, економско функционирање на поединецот. Симптомите се: често враќање на интернет мрежата, ментални и физички потешкотии, проблеми со концентрацијата и спиењето.

Зависноста од интернет има неколку облици – од опседнатост со сајберство до замена на реални пријатели со виртуелни ,компјутерски игри како и мрежно купување на се што ќе се посака. На овој начин животот на човекот станува зависен од интернетот и интернетот го организира целокупниот живот на една личност која е зависна од него.

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена