Гостивар
Завршен настан од Летната школа во Гостивар, благодарници за дечињата и менторите

Со доделување на благодарници и заедничко дружење во спортската сала „Младост“ , претпладнево во Гостивар заврши Летната школа за деца. Во рамки на школата, изминатиот период беа организирани спортски и ликовни активности со стручни ментори.
Целта е дечињата физички да се активираат летниот период, да развиваат креативност, како и да добијат можност да го покажат својот талент.
На завршниот настан присуствуваше градоначалникот Ваљбон Лимани.
„Во Летната школа беа вклучени деца од основните училишта во Гостивар, како и деца на наши иселеници кои периодов престојуваат во родниот крај и се пријавија за учество. Беа организирани тренинзи и натпревари во ракомет и кошарка, како и ликовни активности. Ова го практикуваме веќе неколку години, се надевам дека понатаму ќе имаме сѐ поголем број деца и повеќе активности.“, кажа Лимани.
Благодарници им беа доделени на децата учесници во сите активности, како и на менторите кои ги водеа во Летната школа, четврта по ред годинава.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог