Спорт
Заврши 2МФЛ – Запад, ФК Гостивар четвртопласиран
Со комплетирање на 27-тото коло заврши натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига – Запад, за сезоната 2020/21. ФК Гостивар иако на почетокот на сезоната важеше за еден од најголемите фаворити за влез во Првата лига, пропушти уште една шанса да се најде во ова друштво, завршувајќи ја сезоната на 4. позиција.
Во последното коло гостуваше кај екипата на Кадино во Скопје, натпревар кој заврши без победник, со резултат 2-2. Головите за гостиварскиот тим ги постигнаа Лавдрим Скендери во 10., и Џемаил Есати во 26.минута, за седми нерешен резултат во сезоната. По 26 одиграни кола со скор од 12 победи, 7 нерешени и 7 порази ФК Гостивар ја обезбеди 4. позиција. Останува само да се жали за пропуштенета шанса, гостиварци после 3 години повторно да се најдат во баражот за влез во Прва лига, заостанувајќи само 3 бода зад второпласираниот Охрид.
Да потсетиме дека Општина Гостивар сезоната 2020/2021 ја започна со двајца претставници во ова натпреварување ФК Гостивар и ФК Вардар од Форино, но форинци поради финансиски проблеми не го довршија натпреварувањето.
ФК Скопје со освојување на лигата, обезбеди директен пласман во најелитното фудбалско натпреварување кај нас, додека екипата на ФК Охрид Лихнидос како второпласирана екипа во 2МФЛ – Запад, ќе игра бараж со истопласираната екипа од 2МФЛ – Исток, односно екипата на Тиквеш од Кавадарци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар