Поврзи се со нас

Култура

Заврши конкурсот за „Литературни искри“ во Гостивар, пријавени се над 160 поети

Објавено

на

Заврши конкурсот за шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Годинава, организаторите бележат рекорден број од над 160 пријавени поети, кои испратиле свои творби на конкурсот. Станува збор за автори од земјава, како и од Србија, Косово, Црна Гора, Б и Х, Хрватска, Словенија и Бугарија.

До крајот на месецот ќе биде познато кои поети ќе влезат во финалето, во најтесна конкуренција за фестивалските награди. Песните ќе ги оценува тричлена жири комисија.

„Фестивалот е веќе препознатлив во поетските кругови и во јавноста како квалитетна манифестација со оригинален концепт. Доказ за тоа е огромниот интерес за конкурсот, со бројка која годинава надмина 160 пријавени. Малку е ако кажеме дека сме задоволни  од одзивот. Презадоволни сме и горди што успеваме да го побудиме интересот, да ги мотивираме и инспирираме поетите. Сакаме да се заблагодариме на сите кои испратија свои песни на конкурсот и да ги информираме дека жири комисијата од денес почнува со оценување на пристигнатите творби. Составот на жирито, како и за претходните изданија ќе биде јавно објавен, откако ќе се изврши оценувањето, заедно со резултатите“, велат од Здружението за култура „СЛОВО 21“ ,  организатори на фестивалот..

Жири комисијата ќе го изврши изборот на најдобрите поети, како и на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка.

МПФ „Литературни искри“ се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај. Годинешното издание е поддржано од Министерството за култура, општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена