Поврзи се со нас

Гостивар

Заврши „повлечи-потегни“ меѓу СОНК и МОН – просветарите добиваат 10% покачување на платите од јануари

Министерството за образование и наука и Синдикатот, денес постигнаа договор околу зголемувањето на платите на просветните работници. Конечниот договор предвидува 10% покачување кое ќе стартува од јануари, следната година. Ова е разврската по тримесечните преговори, „повлечи-потегни“ на реалција МОН и СОНК, предупредувачкиот штрајк на првиот ден од новата учебна година и најавите за генерален штрајк.

Министерот за образование Арбер Адеми по постигнатиот договор изјави дека се враќа дигнитетот на наставничката професија, додека претседателот на СОНК, Јаким Неделков изрази задоволство  од исходот и истакна дека ќе продолжат да преговараат за останатите проблеми на просветарите, како исплата на К15, трошоците за превоз и сл.

Advertisement
1 Коментар

1 Коментар

  1. Jani Jakjoski

    09/11/2019 во 07:10

    Брееј зар тољку многу имамо инфлација? – Пошто ништо не работат, него на против, ова ти је права инфлациј и ништо друго. Да си ги вадимо парете од банка, док не игубиле вреднос скроз.

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!