Македонија
Заврши Пописот 2021, затворени апликациите за попишување во земјата и странство
Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите. Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5 септември до денеска.
Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и технички активности на раздолжување на попишувачите.
Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022 година.
Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на пандемија на Ковид-19, соглано нова методологија на Евростат и за првпат со комбиниран модел – освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија