Поврзи се со нас

Македонија

Заврши распитот на таткото на убиената Вања, негира вмешаност во случајот

Објавено

на

Во обвинителството заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во врска со нејзиното убиство за кое тој е осомничен дека споделувал информации со останатите осомничени за нејзиното излегување од дома. Од ОЈО Скопје велат дека во основа тој ги негира дејствијата.

Малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, по пријавата за нејзино исчезнување на 27 ноември годинава.

Осомничени и во 48-часовен притвор за нејзиното убиство, покрај таткото, се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се дел од партијата Десна на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој е во бегство и надвор од државата и за кого е донесена наредба за спроведување истрага и издадена меѓународна потерница.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и скопскиот јавен обвинител, Гаврил Бубевски, вчера на прес-конференција ја образложуваа инволвираноста на таткото на Вања во случајот. Според нив, тројцата претходно приведени кажале дека тој му ги дал информациите на првоосомничениот во врска со движењето на неговата ќерка, за излегувањето од дома и маршутата на нејзиното движење.

Поврзано со овој случај е и убиството на 74-годишниот Панче Жежовски, кој, според надлежните, е, исто така, жртва на сопартијците.

Според обвинителот Бубевски, велешанецот е само „прометна жртва“ која била искористена за да се земе неговата кола и да се заврши, како што рече „целокупниот криминален потфат“, односно убиството на Вања, а мотивот за убиството на Панче е и тоа што тој имал должничко-доверителски односи со еден од осомничените.

Додека, според првичните сознанија на полицијата и Обвинителството, мотивот за убиството на Вања е користољубие. Односно,групата сакала да изнуди пари од мајката на Вања, меѓутоа, до тоа не дошло, а ситуацијата, како што посочи обвинителот Бубевски, излегла од контрола кога мајката го пријавила исчезнувањето на својата ќерка и набрзо потоа целата јавност беше крената на нозе.

Освен истрагата за Палевски, се очекува кривична пријава со која би се покренала истрага и за останатите осомничени. Со тоа, јавното обвинителство би имало можност да побара определување на нови мерки за осомничените.

Од Обвинителството соопштија дека очекуваат кривичната пријава да пристигне подоцна попладнево.

Потоа ќе се подготви наредба за истрага и предлог за притвор, велат оттаму.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | 7/7 ЕМИСИИ:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

ИЗБОРИ 2024: Додека трае молкот за претседателските избори продолжува кампањата за парламентарните

Македонијапред 10 часа

Трошоците за живот и натаму растат, околу 350 евра само за исхрана во најкраткиот месец од годината

Гостиварпред 11 часа

Жртвата на претепување до смрт во Германија е момче од Жировница

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

ИЗБОРИ 2024: Во петок почнува собирањето потписи за претседател и пратеници

Гостиварпред 13 часа

Несреќа со повредени на патот Гостивар-Градец: Малолетник со „сеат“ излетал од коловоз и удрил во паркирано возило

Македонијапред 14 часа

Нов тарифник, зголемени цените на геодетските услуги

Гостиварпред 15 часа

Пронајден кокаин, две лица од гостиварско задржани во полициска станица

Македонијапред 16 часа

Конкурс за ученици за најдобра песна по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата

Гостиварпред 17 часа

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 4 недели

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Македонијапред 1 недела

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Гостиварпред 4 недели

Иселување-Околу 200 деца од подрачје на Гостивар се отпишале од училиште по првото полугодие

Македонијапред 3 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 3 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 2 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот

Гостиварпред 2 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 2 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 2 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена