Поврзи се со нас

Спорт

Заврши сезоната за КК Гостивар, Работнички оди во полуфинале 63-77

Објавено

на

Заврши и третиот натпревар од четвртфиналната серија помеѓу екипите на КК Гостивар и Работнички во кој славеше тимот од Скопје со резултат 63-77.

Дури во последните 40 минути играчите на двете екипи како да се освестија дека влогот е полуфинале во борбата за титула прикажувајќи борбена и пожртвувана игра вечерва во Младост. Натпревар со многу возбудувања кој Работнички подобро го отвори добивајќи ги првите 10 минути (13-25). Гостиварци заиграа дури во вториот период во кој успеаа да ја намалат разликата на -8 до полувремето, периодот го добија (21-17), на паузата се замина со резултат (34-42).

Гостиварската публика која дојде во голем број да ги поддржи кошаркарите на Гостивар, во вториот дел го направи она што го посакува секој спортски клуб, со громомогласна и еуфорична поддршка безмалку беше главниот играч во анулирањето на предноста на Работнички, на 9 минути пред крај Гостивар стигна до израмнување (53-53). Но, играчите на Гостивар не го искористија позитивниот момент, со неколку избрзани и неискористени напади му дозволија на Работнички повторно да го преземе водството, постигнувајќи само 12 поени во последниот период во најважниот натпревар сезонава (12-24), по што го запишаа и првиот пораз на домашен терен, Работнички славеше со конечни 63-77.

Грузиецот Корсантија беше најефикасен на натпреварот со 18 поени, но недостигаше поддршката од соиграчите, кај Работнички Умпиг со 17 и Малешевиќ со 16 поени беа најрасположени.

Ова значи крај на сезоната за КК Гостивар, Работнички продолжува во полуфиналето, каде ги чека вечниот ривал МЗТ Скопје.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена