Гостивар
Завршна приредба и 55 години јубилеј на градинките во Гостивар

Весел, возбудлив и свечен ден беше денешниот во гостиварските градинки, во кој се споија неколку убави поводи. Дечињата од големите групи ја имаа традиционалната завршна приредба, градинките воедно прославија 55 години јубилеј, а датумот (1 јуни) е и Светски ден на детето.
Свеченоста се одржа во дворот на градинката „Пролет“, каде дечињата полни со насмевки, радост и ведрина преку песни, рецитирање и игра кажаа „Збогум градинке“ и испратија искрени пораки за среќно детство, за мир и среќа, за љубов и добрина во целиот свет.
На настанот присуствуваше и градоначалникот, Арбен Таравари.
„Решивме на Меѓународниот ден на децата 1 јуни да бидеме овде во градинката, кадешто имаме нови инвестиции: детско катче и нова фасада на објектот. Нема подобар начин да им се посака здравје, успех и радост на децата, отколку со инвестирање во условите во коишто тие живеат, а знаеме дека една третина од детскиот живот поминува во градинка и училиште.“, рече градоначалникот.
Завршна приредба и 55 години јубилеј на градинките во Гостивар 01.06.2023
Оваа година од градинките кои се во склоп на Јавната установа „Детска радост“ во Гостивар излегуваат 268 деца, идни првачиња.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!