Гостивар
Збогум градинке – Завршна приредба на дечињата од градинките во Гостивар

Преполна сала, исполнети срца, шаренило, насмеани и разиграни дечиња. Ваква беше атмосферата на денешната завршна приредба на дечињата од големите групи од гостиварските градинки. Како што е редот, со песни и рецитирање се збогуваа со градинката и нивните учителки, кои им беа втори мајки во изминатите години. Од септември, како првачиња пред нив се нови предизвици во училиште.
Оваа генерација брои 150 дечиња, Македонци, Албанци, Турци и Роми.
„Од мое лично име и од името на целиот колектив им посакуваме да имаат многу успех понатаму и да прераснат во успешни и драгоцени личности“, рече Мирјана Мицоска, директорката на Јавната Установа „Детска радост“ во чиј склоп функционираат градинките во Гостивар.
Салата во Центарот за култура беше полна со родители, баби, дедовци, другарчиња кои беа дојдени да погледнат што подготвиле дечињата, со помош и поддршка на своите учителки. Дечињата преку песни и игри испратија пораки за среќно детство, за мир и радост во целиот свет како и за успеси во училишните клупи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош