Гостивар
Збратимување: Гостиварското економско училиште во партнерство со турски образовен центар

Економското училиште во Гостивар има нов проект и партнерство со стручното техничко училиште „Емел Озгур Субашај“ од Едрене, Турција. Збратимувањето беше официјализирано денес со меморандум за соработка, кој го потпишаа директорите на училиштата, кај домаќинот во Гостивар.
Во склоп на тригодишното партнерство, предвидени се низа активности, размена на искуства и знаења, преку студиски посети, конференции, работилници и слично. Целта е подигнување на квалитетот на настава и следење на новите трендови во образованието.
„Со ова на некој начин ги прошируваме перспективите и докажуваме дека сме биле и остануваме училиште кое ги негува мултикултурните и мултиетничките вредности во општината, државата, а сега се прошируваме и надвор од неа. Веќе формиравме координативен тим кој ќе ги организира сите предвидени активности, во кои пред се‘ ќе бидат вклучени учениците и професорите. Ќе имаме можност да се воспоставува комуникација преку видео конференции, потоа размена на ученици, односно меѓусебни посети, професорите преку информатичката технологија ќе разменуваат наставни програми и други активности“, изјави Тони Ефремоски, директор на економското училиште во Гостивар.
Исмаил Ел Караман, директор на турското училиште изрази задоволство од воспоставената соработка и посетата на училиштето во Гостивар.
„Денес сме во посета на економското училиште во Гостивар и на средба со раководството. Иницијативата за соработка ја имаме уште од 2019-та година, но поради пандемијата целата процедура се одолговлечи. Сега, тоа е одобрено од турското Министерство за образование, како и од овдешната општина и го официјализираме збратимувањето. Во рамки на овој договор, наши ученици ќе го посетат гостиварското училиште и обратно, значи ќе има размена на многу искуства, нови знаења и она што е најважно да се негува и развива мултукултурата“, рече директорот.
Во турското училиште и економското во Гостивар има слични наставни смерови, што го прави ова партнерство корисно како за наставниот кадар, така и за самите средношколци.
Во целите на збратимувањето, меѓу другото стои и стекнување на вештини за англиски јазик, со оглед дека меѓусебните комуникации ќе се одвиваат на англиски, потоа развивање на меѓународна перспектива во рамки на училиштето, поттикување на учениците во граѓани кои ќе бидат глобално ангажирани, почитување на различности, како и обезбедување на поддршка за ученици преку спонзорство и стипендирање.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја