Здравје и убавина
Здрава храна која треба да се јаде секој ден
Вообичаена заблуда за здравата храна е дека таа мора да биде скапа. Иако велнес културата често промовира скапи „суперхрани“, вистината е дека многу од најздравите намирници, како месото, овошјето, житарките, зеленчукот и мешунките, сè уште се достапни за сите нас.
Секојдневната храна во продожение е преполна со хранливи материи кои го поттикнуваат вашето тело и го поддржуваат долгорочното здравје, а се одобрени од нутриционистите.
Ореви
Оревите се богати со здрави масти, влакна, витамини и минерали, а нивното консумирање може да помогне во намалувањето на LDL холестеролот (лошиот холестерол) и да помогне во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања. Доволна е една шака на ден.
Овесна каша
Овесот е полн со хранливи материи како влакна, манган, бакар, цинк и витамини од групата Б, како и моќни антиоксиданси. Овесната каша може да помогне во намалувањето на холестеролот, да го балансира шеќерот во крвта, како и добра е за варење и може да ви помогне да останете сити подолго време после јадење. Избегнувајте кесички каши кои се полни со шеќер и направете си сами.
Јогурт
Покрај тоа што е богат со пробиотици, јогуртот е и добар извор на калциум, фосфор и витамин Д, а сите тие играат улога во здравјето на коските.
Јајца
Јајцата се богати со протеини, а едно јајце содржи околу 6 грама протеини. Покрај тоа, јајцата се еден од најдобрите извори на холин, хранлива материја која го поддржува здравјето на мозокот.
Брокула
Брокулата е богата со витамини, минерали и антиоксиданси, кои заедно можат да го подобрат варењето, функционирањето на имунолошкиот систем и здравјето на коските. На пример, брокулата содржи витамин Ц и е богата со растителни влакна.
Путер од кикирики
Слично на јогуртот, природниот путер од кикирики е здрава ужина. Јадењето путер од кикирики може да помогне да се намали ЛДЛ холестеролот и да се намали воспалението, додека присутниот витамин Е е од суштинско значење за здравјето на мозокот.
Боровинки
Боровинките се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, а нивното високо ниво на антиоксиданси може да ја подобри функцијата на мозокот, да помогне во намалувањето на воспалението во телото, па дури и да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Маслиново масло
Направените истражувања покажаа дека маслиновото масло е богато со антиоксиданси кои можат да помогнат во борбата против штетите предизвикани од оксидативниот стрес, да го намалат ризикот од хронични болести, да се борат со воспаление, да го намалат холестеролот, да го контролираат крвниот притисок и да ја подобрат функцијата на мозокот. Со тоа што, додавањето на маслиново масло во секојдневната исхрана сигурно е од корист.
Домати
Доматите содржат влакна, холин, витамин А, витамин Ц, калиум и калциум, но многу од нивните здравствени придобивки доаѓаат од соединението што им ја дава нивната живописна црвена боја – ликопен.
Ликопен се наоѓа и во лубеницата, црвената пиперка, грејпфрутот и папајата. Тој е моќен антиоксиданс кој е поврзан со намалувањето на холестеролот и понизок крвен притисок.
Лосос
Лососот е добар извор на протеини и омега-3 масни киселини, а содржината на протеини во лососот е неопходна за градење и поправка на мускулите додека ја зајакнува функцијата на имунитетот. Омега-3 масните киселини во лососот се исто така важни за здравјето на мозокот и го намалуваат ризикот од невролошки нарушувања.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград