Поврзи се со нас

Гостивар

„Здрави, насмеани и распеани деца“ – во гостиварските градинки одбележана Детската недела

Објавено

на

Под мотото „Здрави, насмеани и распеани деца”, со низа различни активности, во детските градинки во Гостивар се одбележа Светската недела на детето.

Последниот настан во вид на хуманитарна акција, се организираше денес, во соработка со гостиварскиот Црвен Крст.

Дечињата донираа облека, обувки, играчки, а во знак на благодарност за хуманоста што ја искажуваат добија скромни подароци.

„Ја завршуваме детската недела со акција под мотото „Од дете за дете“. Преку целата недела имавме разни активности, ликовни, музички со музичкиот соработник, традиционални игри, прошетки на чист воздух. Децата имаат право да бидат среќни, радосни, безбедни, а ние сме тука за да им го овозможиме тоа“, изјави Мирјана Мицоска, директор на детските градинки во Гостивар.

Црвениот Крст и покрај пандемијата не ги запоставува акциите, особено оние коишто имаат традиција, како што беше денешната, секако со почитување на протоколите.

„Децата се секогаш подготвени да покажат хуманост, така е и овојпат, преку собирање на гардероба, играчки кои не им се потребни, а кои за некои нивни врсници, другарчиња многу ќе значат. За нивниот труд и хуманост, Црвениот Крст издвојува скромни подароци, во знак на благодарност“, Горан Михајловски од Црвениот Крст – Гостивар

Собраните донации од дечињата, Црвениот Крст ќе ги распредели до социјално загрозени семјества.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена