Поврзи се со нас

Рецепти

Здраво, вкусно и освежително – салата со булгур

Објавено

на

Ако сте во потрага по здрави намирници, тогаш дефитинивно треба да го внесете булгурот во вашата исхрана. Се смета за една од најздравите житарки. Содржи калциум, железо, магнезиум, цинк, тиамин, ниацин, рибофлавин, витамин B6. Помага за смалување на  холестеролот, триглицеридите и го регулира нивото на инсулин. Добар е за време на диети поради карбохидратите и диететските влакна што ги содржи. Споредено со кафеавиот ориз на пример, булгурот има дупло помалку калории и дупло повеќе диететски влакна.

Еве една идеја за освежителна салата со булгур.

состојки:

  • 200 гр булгур
  • 10 листа марула
  • 1 младо кромидче
  • 1 морков
  • 5 шери домати
  • 2 роквици
  • 1 краставица
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • сок од лимон или јаболков оцет

Подготовка:

Најпрво ставете го булгурот во половина литро вода да се вари. Варете се додека водата не се впие целосно и булгурот не омекне, или отприлика 10-тина минути. Сите зеленчуци исецкајте ги синто и измешајте ги со сварениот булгур, па додадете ги зачините. Вака подготвена оваа салата може да биде додаток, но и лесен ручек или вечера.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена