Поврзи се со нас

Вести

Здравствени прегледи, домашни посети и пакети со храна за постарите граѓани

Објавено

на

„Неделата на грижа за стари лица“ во Гостивар се одбележува со повеќе активности чија цел е да се сврти вниманието на јавноста кон граѓаните од трета доба, да им пружи помош и да им се посвети време.

Активностите ги организира Црвениот Крст Гостивар во соработка со Здружението  на Пензионери и општата болница „ Ферид Мурат ”.

„Во просторите на Црвениот Крст на старите лица им се мереше крвен притисок и  шеќер во крвта. Исто така, лицата од третата доба можеа директно да се консултираат за своето здравје и нивните права со докторите Бесник Зеќири и Енес Јашари и стручната служба при Општинската организација“, изјави Мерита Алили, секретар на гостиварскиот Црвен Крст.

И младите волонтери од Црвениот крст дадоа свој придонес во одбележувањето на „Неделата за грижа на стари лица“. Тие посетија дваесетина граѓани од постарата генерација во нивните домови и им поделија пакети со храна. Пакетите беа донирани од  Мега Маркет Монтенегро Гостивар.

Годинава во рамките на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“,формирана е мрежа на граѓански организации – ИнклузиваМ за социјална инклузија на старите лица. Девет граѓански организации ќе дејствуваат заедно за да се зголеми свеста на јавноста и последователно да се влијае во процесите на донесување одлуки за социјално вклучување на старите лица во земјата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена