Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Здравствени придобивки од црното вино

Објавено

на

Paracelsus, влијателен швајцарски лекар од 16-от век напишал: “Виното е храна, лек и отров – само во прашање е дозата“. Безмалку, како и во било која храна или пијалок, голема количина на вино може да биде штетна за нашето здравје, но исто така, умерени дози може да ни бидат и многу корисни.

Стручњаците откриле дека црните вина се богати со флавоноиди, одлични за нашето здравје. Флавоноидите се познати по своите антиоксидативни својства кои му помагаат на телото да се бори против алергиски, вирусни и канцерогени непријатели.

Црните вина, исто така содржат антиоксиданти, кои му помагаат на телото да биде поотпорно на рак и кардиоваскуларни болести. Најголема концентрација на антиоксиданси и флавоноиди содржат 3 врсти на црно вино и тоа Cabarnet Sauvignon, Petit Syrah и Pinot Noir.

Другите црни вина, како Merlot, содржат помалку флавоноиди, но сепак многу повеќе одколку повеќето бели вина. Значи, најдобри вина за здравјето се суви црни вина. Секако, без претерување, но земете го предвид, сега веќе, научно докажаниот факт и додадете чаша вино во својата секојдневна прехрана. Според научниците, тоа би можело да има значаен учинок во зачувувањето на вашето здравје.

Црното вино е комплексен производ кој содржи неколку илјади хемиски соединувања. Молекула коај вреди да се истакне е ресвератрол. Оваа молекула, која се наоѓа во значајни количини само во црното вино, има бројни дејства само на кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи и ограничување на создавање на крвни згрутчувања кои можат да ги блокираат крвните садови, што пак предизвикува сериозни проблеми.

Celebration. People Holding Glasses of Stock Footage Video (100 ...

Стручњакот за кардиоваскуларни проблеми, професор Роџер Кордер, поминал години проучувајќи ги доказите за здравствените придобивки од црното вино. Во својата нова книга, “The Wine Diet”, вели дека е уверен дека повеќето луѓе треба да го вклучат црното вино во секојдневниот начин на живот.

Професорот Кордер открил нешто, што на крајот го нарекол „Француски парадокс“. Имено, тој се прашува зошто Французите имаат пониска стапка на срцеви заболувања, наспроти фактот што нивната исхрана е богата со масти. Ги фокусирал своите истражувања на југозападниот дел на Франција, каде луѓето имаат доста долг животен век. Но професорот открил дека во овој регион се прави домашно црно вино кое содржи најмногу procyanidin (антиоксиданс) на светот.

Секако доколку не сте љубител на црно вино, или едноставно не пиете алкохол од некои други причини, придобивките за вашето здравје кое ви ги нуди црното вино можете да ги добиете и од други извори. Флавоноиди, на пример, ги има во овошјето, зеленчукот, какаото и во некои природни сокови. Грозјето и црвениот сок од грозје исто така имаат многу компоненти кои ги содржи црното вино.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена