Здравје и убавина
Здравствени проблеми предизвикни од недоволно џвакање на храната

Повеќето од нас се преоптоварени со многу други обврски, па најчесто оброците ги јадеме брзо, без размислување, само за што побрзо да ги завршиме. Иако тоа понекогаш е неизбежно, недоволното џвакање храна не треба да стане навика, имајќи предвид дека може да предизвика многу здравствени проблеми:
Горушица или народно кажано киселина
Џвакањето предизвикува производство на хлороводородна киселина во желудникот, што го подготвува да ја разгради храната. Но, ако не ја џвакате храната целосно, нема да има доволно киселина во стомакот за да помогне во правилното варење. Комбинацијата на ниска киселина во желудникот и недоволно џвакана храна може да предизвика меурчиња од гас кои се издигнуваат до хранопроводникот и грлото, што доведува до горушица.
Дигестивни проблеми
Недоволното џвакање е лошо за функцијата на цревата, бидејќи како што храната се движи од желудникот кон тенкото црево, панкреасот лачи ензими, а жолчното кесе ослободува жолчка. Двете компоненти дополнително ја разградуваат храната, но само до одреден степен. Значи, ако парчињата храна се премногу големи (т.е. не се целосно изџвакани), природните бактерии во вашите црева можат да ја ферментираат несварената храна и да се размножуваат. Ова може да предизвика надуеност, гасови и слични проблеми со варењето на храната.
Не апсорбирате доволно хранливи материи
Џвакањето му помага на телото да ги разгради јаглехидратите, протеините и мастите во молекули наречени моносахариди, амино киселини и масни киселини. Овие молекули се апсорбираат од тенкото црево, каде што главно се одвива апсорпцијата на хранливите материи. Но, кога храната не се џвака доволно, овие хранливи материи нема целосно да се разградат, што ќе му отежне на тенкото црево да ги апсорбира.
Прејадување
Ако не ја џвакате доволно храната, веројатно јадете премногу брзо, што може да доведе до прејадување. На овој начин нема да се чувствувате сити навреме, па ќе можете да јадете многу поголеми количини на храна отколку што ви треба.
Тогаш не само што може да се појави гадење и поспаност, туку се зголемува и ризикот од метаболички синдром – состојба која се карактеризира со дебелина на горниот дел од телото, висок холестерол, крвен притисок и нивоа на гликоза. Метаболичкиот синдром е сериозна состојба, бидејќи може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови на рак, предупредуваат експертите.
Потешко е да уживате во храната
Иако ова не мора да влијае на здравјето, тоа е исто така една голема негативна страна на пребрзото џвакање – тоа може да го попречи чистото задоволство од јадењето. Спротивно на тоа, кога јадете и џвакате внимателно, можете да ги користите сите ваши сетила и да забележите како храната изгледа, мириса, каква е текстурата и вкусот. Ова не само што ќе ви помогне навистина да уживате во храната, туку ќе ви го олесни работата на стомакот и ќе знаете кога сте задоволни и сити.
Како правилно треба да се џвака?
Експертите препорачуваат секој залак да го џвакате околу 20 до 30 пати, но точната бројка зависи од видот на храната. Но, бројката не е толку важна, важно е храната да добие речиси целосно кашеста текстура пред да ја голтнете. Покрај тоа, не треба да имате потешкотии при голтање залак и не треба да чувствувате потреба да пиете течности кои ќе ви помогнат при јадењето.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар