Македонија
Здравствените власти остануваат на ставот дека најавените мерки се неопходни, синдикатите реагираат

Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие мерки треба да се применуваат, додека синдикатите сметаат дека тестирањето не треба да биде на трошок на вработените.
За предлог-мерките, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе се разговара во понеделник на седница на Главниот кризен штаб, а потоа и на Влада.
– Тоа е нешто што ќе го разговараме неделава што е пред нас. Оваа мерка ќе ја дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, рече вчера Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски.
Мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници, според Филипче, е важна затоа што смета дека токму тие треба да бидат пример за останатите граѓани.
– Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, рече Филипче.
Анализата на Министерството за здравство покажува дека процентот на заразени и на хоспитализирани лица кои не се вакцинирани е голем. Во периодот од 6 август до завчера вкупно на ниво на држава, 53.682 граѓани биле позитивни на Ковид-19 од кои 69 отсто или 36.980 граѓани биле невакцинирани, а 31 отсто или 16.702 лица вакцинирани. Од моментално хоспитализираните 534 пациенти, 123 биле целосно вакцинирани, додека останатите се невакцинирани. Анализата покажува дека и смртноста е драстично поголема кај невакцинираните. Од вкупниот број починати, 80 проценти биле невакцинирани, а 20 отсто вакцинирани.
– Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, нагласија од Министерството.
Синдикатите генерално не се согласуваат со мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести. Сметаат дека тестирањето не смее да биде на трошок на вработените и дека преку едукативни кампањи треба да се подигне свеста за бенефитите од вакцинирањето. По реакциите на Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата н слободни синдикати, вчера реагираше и Синдикатот на културата од каде велат дека вакцинирањето треба да биде личен избор. За нив е неприфатливо трошокот на ПЦР тестирањето да биде на трошок на вработените имајќи предвид дека платите кај поголем дел од вработените се движат под просекот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила