Поврзи се со нас

Македонија

Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение

Објавено

на

Здружението на историчарите на Република Македонија денеска со соопштение реагира поради отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение, и бара мораториум на Концепцијата за основно образование.

„Како Здружение на историчарите на Република Македонија, чијашто повеќе од седумдецениска дејност меѓу другото е насочена кон развојот на македонската историографија и унапредувањето на квалитетот на наставата во македонската историја, потсетуваме дека многупати и тоа во повеќе форми, јавно предупредивме на негативните импликации од крајно избрзано донесената Концепција за основно образование, која што беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции“, стои во реакцијата.

Здржението поосчува дека на 22 декември 2022 година до Министерството за образование и наука поднеле Барање за повлекување на учебникот по новововедениот предмет „Историја и општество“ за V одделение, поткрепено со критичка анализа на 30 страници, во која нотирале 60 сериозни пропусти и грешки во концепциска, содржинска и методолошка смисла, при што предупредиле дека тие ќе создадат кај учениците погрешни претстави не само за минатото, туку и за сегашноста. Јавно прашуваат дали овој учебник е повлечен од употреба, со оглед дека посочените пропусти ги надминуваат законски предвидените 30%. Иразуваат увереност дека погрешната концепциско-содржинска поставеност на учебникот е директен резултат на Концепцијата за основно образование, поради што бараат од Министерството да иницира јавна дебата за подготовка на нова Концепција, за да не се повторуваат во иднина недозволиви пропусти.

„Поаѓајќи од тоа, најновата актуелна состојба предизикана од отсуството на Историјата во наставните програми за шесто одделение, за нас како здружение на историчари воопшто не е изненадување. Причината е што ние како здружение, како и генерално историската фела во државата, одбиваме да учествуваме во нивната подготовка, со оглед на нашето неприфаќање на Концепцијата. На тој начин го изразуваме категоричното противење што со Концепцијата е укинат предметот Историја (воведен во македонската држава од АСНОМ), за сметка на погрешно конципираниот и новоконструиран предмет „Историја и општество“, во кој вештачки се интегрирани предметите историја, граѓанското образование и географија.  Досегашната практика на примената на Концепцијата, недвосмислено ги потврдува нашите претходни оценки дека историјата се маргинализира и деградира, со што се оневозможува суштинското согледување на минатото, од што зависи и иднината на македонската држава. Особено што во Европската унија, каде како демократска држава припаѓаме и чиишто фундаментални вредности ги споделуваме, во суштина историјата како предмет го дефинира идентитетот и свеста за припадноста кон нацијата“, се наведува во реакцијата.

Здружението укажува на штетните последици од понатамошното спроведување на Концепцијата во однос на наставата по историја, и застанува во заштита на колегите наставници, чиишто работни места се доведени во прашање поради кратењето на бројот на часови по историја, а што, како што посочуваат, е предизвикано од непромислените новоконципирани наставни планови и програми, со што во крајна линија се ревидира и содржината на македонската историја.

Историјата мора да остане посебен предмет, смета Здружението на историчарите и воедно ги поддржува колегите кои сметат дека предметите Географија, Граѓанско образование, Биологија, Хемија, Физика треба да се изучуваат посебно.

„Предупредуваме дека повторувањето на досегашната практика на избрзано донесување на нови наставни програми за историјата во последен момент, а во конкретниот случај за наставната програма за VI одделение за вештачки конструираниот предмет „Историја и општество“, од што ќе треба да произлезе и експресната подготовка на новиот ревидиран учебник, ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот образовен систем, на што најостро ќе реагираме!“, велат историчарите

Бараат од Министерството за образование и наука да стави мораториум на Концепцијата и под итно да организира широка јавна дебата, која ќе биде заснована на сеопфатна анализа која ќе ги артикулира и досегашните негативни импликации од нејзиното воведување, како и ставовите на научната и академската заедница. Во меѓувреме, додека не се подготви и усвои нова Концепција, бараа да се продолжи со досегашните наставни програми. На тој начин, според нив, ќе се спречат идните штетни последици за учениците, наставниците, како и за севкупниот македонски образовен систем и за граѓаните и државата во целина.

„Усвојувањето на новата Концепција, ќе мора да го одразува научниот, академски и општествен консензус. Само на овој начин, ќе може да се промовира квалитетот во македонското образование, од што ќе произлезат наставни програми и учебници кои ќе бидат на потребното научно и академско ниво, во интерес на учениците, родителите, граѓаните и на државата, а не подредени на задоволување на моменталните политички цели. Квалитетот на образованието е наша заедничка обврска и должност како историчари и како совесни граѓани, бидејќи младите генерации се столбот на иднината на државата. Во спротивно, како држава и како нација и натаму ќе бидеме на самото дно во однос на квалитетот на образовниот систем во Европа“, пишува во рекцијата на Здружение на историчарите на Република Македонија.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена