Поврзи се со нас

Гостивар

Здружението „Заедно можеме“ ја најави филантропската аукција на слики и фотографии изработени од деца со посебни потреби

Објавено

на

Здружението „Заедно можеме“ денеска на прес-конференција ја најави Тивката филантропска аукција со слики и фотографии под мотото „Аукција за акција“, што ќе се одржи во среда (30 септември) во хотел-ресторан Игнација – Гостивар, со почеток во 19:00 часот.

„Карактеристично за оваа аукција е што сликите и фотографиите што ќе бидат изложени за продажба, ги создале децата со посебни потреби – членови на здружението „Заедно можеме“, но под менторство на познати ликовни уметници. Сликите се изработија на Меѓународниот ликовен симпозиум „Струга 2020“, а некои од нив беа довршени во посбена работилница во Галеријата „Арт Лукс“ во Гостивар, постојано под менторство на ликовни уметници. Додека во друга активност, ангелите – како што ги нарекуваме децата членови на здружението „Заедно можеме“, под менторство на уметничкиот фотограф, Осман Демири, фотографираа поатрактивните делови на градот Гостивар.“, изјави Шпенди Салија, претседател на Здружение „Заедно можеме“.

На аукцијата ќе бидат изложени 20 селектирани фотографии со димензии 50х70см и ќе имаат иста почетна цена, како и 34 слики со различни димензии, чии почетни цени ќе се разликуваат.

„Нашата цел како здружение „Заедно можеме“ е на аукцијата да собереме 200.000 денари, кои ќе бидат наменети за спроведување културно-забавни и спортско-рекреативни активности со членовите на здружението. Но, собирањето средства не е единствената цел на оваа филантропска аукција на фотографии и слики. Ние сакаме тоа да биде вистински културен настан, но сепак малку поинаков, со сензибилизирачки карактер и ова да е само почеток на нова форма на филантропија. На крајот на краиштата, затоа го избравме мотото: „Аукција за акција“, појасни Салија.

На настанот задолжително да се почитува протоколот за заштита од Ковид-19.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 1 час

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 3 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 5 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена