Поврзи се со нас

Вести

Здруженијата бараат хуман третман на бездомните животни: „Вистинската хуманост не дискриминира“

Објавено

на

 

Четврти април во светот се одбележува како Ден на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животните, организираат активности и настани за подигнување на свеста за хуман третман и за вдомување на бездомни животни.

По повод денот, до нашата редакција стигна допис од Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН од Скопје. Во продолжение пренесуваме дел од содржината:

„По повод денешниот светски ден на бездомните животни би сакале да ја информираме јавноста дека здруженијата за заштита на животни веќе со години точно го лоцираат коренот на проблемот и вперуваат прст кон децениската неажурност и неисполнителност на институциите, т.е. локалните самоуправи. Веќе со години постои и стратегија за хумано, трајно и темелно справување со бездомните кучиња изработена од граѓанскиот сектор. Во земја со површина колку Македонија проблемот е трајно решлив за 6 месеци до 1 година. За жал, нема никакви напори од страна на надлежните за негово решавање.

Во последниов период сме сведоци на зачестени труења на територијата на целата земја. Истото важи и за убивањето на животните со стапици од жица. Активностите не само сега, туку веќе со години се случуваат истовремено во повеќе општини, што наведува на мислење дека се работи за институционална координирана активност.

Бездомните животни се комплексен проблем за чиешто решавање е потребно да се исполнат повеќе услови истовремено:

– стерилизација/кастрација на повеќето бездомни

– задолжително чипирање на животните со сопственици

– стимулирање кастрација/стерилизација за животни со сопственици

– задолжителни даноци за сопственици што одбиваат да стерилизираат/кастрираат

– даноци за одгледувачници

– едукација на јавност

Бездомните животни со години се убиваат и се трујат и немаме никакво решение на проблемот. Нели е време да се смени тактиката?

Оној што е хуман кон животните е хуман и кон луѓето. Вистинската хуманост не знае за дискриминација“.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена