Гостивар
Зеќири: Крводарувањето е највисок хуман чин, во Гостивар има сѐ повеќе млади дарители на крв!

Гостивар го негува крводарителството како највисок чин на хуманост, а особено радува фактот што сѐ почесто и младата популација станува дел од семејството крводарители. Оценка на познавачите е дека потребите за крв и крвни продукти се задоволуваат, но секогаш е добредојдено кога се вклучуваат нови дарители.
„Потребите на подрачјето што се покрива се задоволуваат. Сепак, секогаш има потреба да има повеќе крв, затоа што ние плановите ги правиме според тековите во претходната година, но не може да знаеме што нѐ очекува, не дај боже катастрофи, земјотреси, па има повеќе болни од тешки болести кои имаат потреба од крв. Во однос на возрасната структура, може да кажеме дека порано поголем број крводарители биле постари, а сега повеќе имаме млади. Во принцип се почнува од 18 години, па може да се дарува до 65. Секој здрав човек е потенцијален крводарител. Може да се дарува најмногу 4 пати годишно и треба да се напомене дека тоа му помага и на организмот на крводарителот да се прочисти, значи бенефитот е голем“, вели д-р Бесник Зеќири, претседател на ОО Црвен Крст Гостивар.
Една од целите на Црвен крст е организирање и реализација на крводарителски акции. Од почетокот на оваа година до сега гостиварската организација спровела 15 акции во кои се собрани околу 800 единици крв. Освен во акциите, граѓани одат и директно во службата за трансфузиологија кадешто ја даруваат скапоцената течност за спасување човечки животи.
„Апелот е секогаш ист: Да се дарува крв, што повеќе луѓе да се приклучат на семејството крводарители. И секако тој апел да се пренесува и од еден на друг човек. Крв се дарува доброволно, хуманитарно, за тоа човек не добива пари, тоа е највисок гест во хумани цели. Дарувајте крв за да помогнете на некој друг, да бидете дел од хуманоста.“, подвлече д-р Зеќири.
Гостивар освен за потребите на овдешната болница, обезбедува крв и за пациенти во Дебар и Кичево, како и за трансфузиологија Скопје. На гостиварско подрачје регистрирани се околу 5.000 крводарители.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос