Поврзи се со нас

Вести

Зеленски: Време е руската војска да бега

Објавено

на

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика руската војска да се повлече пред големата офанзива што Киев ја започна близу Херсон во јужниот дел на земјата. Како што истакна, Украина ќе си ја врати својата територија. Русија тврди дека овој противнапад е безуспешен.

Јужната команда на Украина соопшти дека нејзините трупи почнале офанзивна акција во неколку правци, вклучувајќи ја и областа Херсон, северно од полуостровот Крим, што Русија го присвои од Украина во 2014 година.

– Ако сака да преживее, време е руската војска да бега. Одете си дома, Украина си го враќа своето, нагласи Зеленски во ноќното обраќање до јавноста.

Според советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестовиќ, руската одбрана е „пробиена за неколку часа“.

Тој наведе дека украинските сили гранатирале руски линии за снабдување на западниот брег на Дњепар во областа Херсон.

Руски медиуми пишуваат дека руското Министерство за одбрана соопштило оти украинските трупи се обиделе со офанзива во областите Николајев и Херсон, но, имале значителни загуби.

Проруските власти во Нова Каховка тврдат дека градот останал без вода и струја, по украинското гранатирање.

При гранатирањето на Николајев, град под украинска контрола и покрај руското бомбардирање, загинаа најмалку две лица, повредени се околу 24, а урнати се и куќи, информираа вчера официјални лица и сведоци.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена