Занимливости
Земјата некогаш и сега
На страницата на НАСА можат да се видат слики кои прикажуваат промени на Земјата предизвикани од човековите интервенции. Промените се настанати во период од пред 5 до 100 години.
Некои од сликите ќе ве шокираат, додека некои едноставно ќе ве натажат.
1. Глечерот Петерсен на Алјаска: лето 1917 – лето 2005 година
Глечерот Петерсен на Алјаска претставува неплодна црна земја прекриена со снег и мраз. Но за 88 години ова исто пусто земјиште претрпело неверојатна трансформација. Земјата е прекиена со зелена свежа трева, но најдрастични промени се забележуваат на планините. Додека во 1917 планината е обвиткана со магла, во 2005 година јасно се гледат сите планински врвови вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат позади планинскиот масив.
2. Аралското езеро, Централна Азија: август 2000 – август 2014 година
Овде јасно се гледаат катастрофалните ефекти од човековата активност – огромно намалување на нивото на водата во Аралското езеро. Некогаш четврто по големина во светот, ова солено езеро почна да пресушува, откако водата од неговите извори беше пренасочена за други цели.
3. Глечерот Керол, Алјаска: август 1906 – септември 2003 година
Глечерот Керол е долг 24 километри. По неговата површина се протега мирно езеро, а ридовите и падините се прекриени со снег. Но, од 2003 година, езерото почна да се повлекува, претварајќи се во мал базен. Снегот е истопен, а вегетацијата ги прекрива карпестите ридови.
4. Езерото Пауел , Аризона и Јута: март 1999 – мај 2014 година
Втора по големина вештачка акумулација и омилено излетничко место. Заради неконтролирано извлекување на водата, езерото е намалено до драстични размери.
5. Глечерот Мечка, Алјаска: јули 1909 – август 2005 година
Остриот и цврст глечер од вода, мраз и планини стана популарна туристичка дестинација, привлекувајќи со својата живописна убавина и големите санти мраз што пловат по глечерот.
6. Шумите во Рондонија, Бразил: 1975 година – август 2009 година
Како последица од некотролираното сечење на дрвјата, на површината на Рондонија некогаш прекриена со густи шуми денес се наоѓаат само остатоци од зелени прекривки.
7. Глечерот Муир, Алјаска: август 1941 – август 2004 година
Долгата снежна површина се истопила и се претворила во езеро. Темниот снежен регион сега претставува зелена површина богата со вегетација на планините.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди