Поврзи се со нас

Занимливости

Земјата некогаш и сега

Објавено

на

На страницата на НАСА можат да се видат слики кои прикажуваат промени на Земјата предизвикани од човековите интервенции. Промените се настанати во период од пред 5 до 100 години.

Некои од сликите ќе ве шокираат, додека некои едноставно ќе ве натажат.

1. Глечерот Петерсен на Алјаска: лето 1917 – лето 2005 година

Глечерот Петерсен на Алјаска претставува неплодна црна земја прекриена со снег и мраз. Но за 88 години ова исто пусто земјиште претрпело неверојатна трансформација. Земјата е прекиена со зелена свежа трева, но најдрастични промени се забележуваат на планините. Додека во 1917 планината е обвиткана со магла, во 2005 година јасно се гледат сите планински врвови вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат позади планинскиот масив.

2. Аралското езеро, Централна Азија: август 2000 – август 2014 година

Овде јасно се гледаат катастрофалните ефекти од човековата активност – огромно намалување на нивото на водата во Аралското езеро. Некогаш четврто по големина во светот, ова солено езеро почна да пресушува, откако водата од неговите извори беше пренасочена за други цели.

3. Глечерот Керол, Алјаска: август 1906 – септември 2003 година

Глечерот Керол е долг 24 километри. По неговата површина се протега мирно езеро, а ридовите и падините се прекриени со снег.  Но, од 2003 година, езерото почна да се повлекува, претварајќи се во мал базен. Снегот е истопен, а вегетацијата ги прекрива карпестите ридови.

4. Езерото Пауел , Аризона и Јута: март 1999 – мај 2014 година

Втора по големина вештачка акумулација и омилено излетничко место. Заради неконтролирано извлекување на водата, езерото е намалено до драстични размери.

5. Глечерот Мечка, Алјаска: јули 1909 – август 2005 година

Остриот и цврст глечер од вода, мраз и планини стана популарна туристичка дестинација, привлекувајќи со својата живописна убавина и големите санти мраз што пловат по глечерот.

6. Шумите во Рондонија, Бразил: 1975 година – август 2009 година

Како последица од некотролираното сечење на дрвјата, на  површината на Рондонија некогаш прекриена со густи шуми денес се наоѓаат само остатоци од зелени прекривки.

7. Глечерот Муир, Алјаска: август 1941 – август 2004 година

Долгата снежна површина се истопила и се претворила во езеро. Темниот снежен регион сега претставува зелена површина богата со вегетација на планините.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена