Поврзи се со нас

Македонија

Земјава планира „увоз“ на работници, најмногу кадар недостига во туризмот и градежништвото

Објавено

на

Туризмот и градежништвото се секторите кои најмногу „кубурат“ со кадар и за кои земјава веќе размислува да увезува работна сила. Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса, напомена Битиќи, во сите земји.

Според Битиќи, примарно е работната сила да се осигура од домашниот пазар, но, анализите покажуваат дека на земјава годишно и недостигаат околу 10 000 работници. Тој смета дека првично за „увоз“ би требало да се „искористат“ луѓето од регионот.

Се уште не е дефинирано од каде би се увезувале работници, ниту се утврдени квоти. Во Владата е отворена дискусија затоа што, напомена Битиќи, тоа е актуелен проблем.

„За жал, долго време вештините и знаењето на тие што се невработени не одговараат на потребите на пазарот на труд. Стопанството има потреба некако да ја надополни таа празнина. Факт е дека секој ден има се повеќе и повеќе компании кои укажуваат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агенцијата за вработување или од оние што не се пријавени во Агенцијата. Затоа, Владата прави план преку Оперативниот план за вработување, со преквалификација и доквалификација, да ги подготви за пазарот на труд. Но, до тогаш, има потреба да се увезе работна сила зашто миграцијата е очигледна, не само во Северна Македонија, туку во сите земји од Западен Балкан, па и во Европа“, напомена Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на германското стопанство.

Во овој момент, информира, се разговара со стопанските комори кои гранки би увезле работна сила.

„Најзагрозени се градежништвото, ниско и високоградба, како и хотелиерство и туризам зашто се работи за сезонски работници кои одат во други земји, во блиското соседство, Хрватска, Словенија, па и во земјите членки на ЕУ. Се отвора сериозна потреба за луѓе кои би служеле во тој сектор зашто платите се конкурентни, но не толку како во земјите членки на ЕУ. Тоа е нормален процес, сме го имале, сега само отворено го дискутираме. Лани сме имале 5 300 работници од надвор“, подвлече вицепремиерот, додавајќи дека новите работни места кои се отвораат, не се со стари знаења.

Тој нагласи дека конкурентноста е секогаш здрава.

„Мораме да сфатиме дека нашата економија досега се развивала со незадоволителни стапки, а за тоа да се поправи ни треба поконкурентна работна сила. Работниците „бегаат“ за повисоки плати. Кај нас просечната плата достигна 550 евра, а таму каде што одат да работат е 1 100 евра. Во земјите, пак, од кои најверојатно ќе доаѓаат тука работници за во рударство, градежништво, е во просек 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро“, рече Битиќи.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 3 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 5 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 8 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 9 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 20 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 21 час

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена