Технологија
Земјоделски робот со вештачка интелигенција за одгледување домати

Кинески научници развија робот со вештачка интелигенција, оспособен да извршува задачи во земјоделството, објавија тамошните медиуми. Роботот, инаку, е развиен од истражувачи од Универзитетот „Фудан“.
Мултифункционалниот робот, според научниците се справува со целиот процес на одгледување домати, вклучувајќи опрашување, отсекување на листовите, кастрење и берба. Бионичката рака вешто се провира меѓу растенијата на домати, а со 3-Г технологија ја снима околината… Со допирање цвет потоа, сензорите на раката ја проценуваат вискозноста на поленовиот прав, а алгоритмите ги обработуваат податоците во милисекунди. По потврдувањето на соодветните услови, вибрациите со висока фреквенција го расфрлаат поленот, со што вештачкото опрашување се изведува со извонредна точност.
Роботот потоа се движи сам до следната плантажа, избегнувајќи штети со ниво на свесност слично на човековото, велат стручњаците.
Вештачкоинтелигентната земјоделска машина се потпира на голем број современи технологии како 3-Г снимање, самоуправување, преземање решенија од интернет и ВИ-учење. Неговото функционирање е резултат на четиригодишен развој и четири генерации прототипови.
За разлика од претходните еднофункционални уреди, оваа ВИ-машина може успешно да имитира човеково набљудување, одлучување и извршување на задачите. Роботот поддржува над 90-отстотен успех во опрашувањето, дури и во тешки природни услови, забележуваат истражувачите. По бербата, роботот ги сместува овошките во лентата за селекција и складирање. Сегашниот модел е предмет на теренски испитувања и покажува извонредна делотворност, бидејќи таа продуктивност и достапност предизвикува голем интерес во индустријата.
Според научниците, еден робот може да замени шест работници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?