Гостивар
Земјоделците во гостиварско да ги почитуваат правилата, за да нема несреќи со трактори

Во период кога земјоделците ја интензивираат работата по нивите, во гостиварскиот регион често се случуваат несреќи со учество на трактори и друга земјоделска механизација. Невнимание, неисправно возило или малолетници како возачи се најчестите причини за овој вид на несреќи, кои знаат да завршат и со сериозни последици.
Имајќи ги во предвид негативните практики и искуства, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира на почитување на правилата и советува:
-земјоделската механизација да се користи исклучиво за својата намена, а не и за превезување на лица, да биде технички исправна и навреме регистрирана;
-ваквиот вид механизација задолжително да ја управуваат лица со положен возачки испит, а не и малолетници, особено ако механизацијата се движи навечер и по сообраќајно пофрекфрентни патишта;
-во вечерните часови, исто така, механизацијата, односно тракторите да бидат соодветно осветлени, а товарот што го пренесуваат да биде адекватно обележан за да можат да се забележат од другите учесници во сообраќајот;
Од полицијата потсетуваат дека за непочитување на прописите и препораките, сопствениците на земјоделска механизација ќе се соочат со законски предвидените казни. Прекршувањата на прописите може да ги чинат сопствениците на земјоделска механизација казни до 500 евра, колку што изнесува глобата за нерегистриран трактор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?