Македонија
Зголемен бројот на реинфекции со коронавирус

Во периодот од 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, а егистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,6 отсто до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто, се наведува во неделниот извештај објавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.076). Во Гостивар во посочениот период регистрирани се 24 случаи.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години.
Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување на бројот на заболени кај лицата на возраст до 49 години, со најзабележително зголемување од 19,5 отсто во возрасната група од 40 до 49 години и 14,5 отсто во возрасната група од 20 до 29 години. Кај возрасните групи над 50 години се забележува намалување во споредба со минатата недела, 12,3 отсто помалку кај лицата на возраст од 50 до 59 и 10,7 отсто кај лицата над 60 години.
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.772 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 26,2 отсто помалку споредено со минатата недела. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 309 реинфекции, со зголемување од 15,7 отсто во однос на претходната недела.
Пријавени се 15 смртни случаи во 9 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (14 до 20 март), за 55,9 отсто помалку во однос на претходната недела.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја