Поврзи се со нас

Македонија

Зголемен бројот на туристи во земјава, акцентот ставен на руралниот туризам

Објавено

на

Годинава се бележи зголемен број на туристи, особено на странски, а очекувањата се дека ќе биде надмината бројката од 2019 година. Се очекува да биде остварен поголем девизен прилив од туризмот и угостителството.

Статистички гледано во периодот од јануари до јули во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 25,33 проценти и тоа кај домашните туристи има незначително зголемување од еден процент, додека кај странските има зголемување од 44 проценти.

„Во периодот јануари – јули 2023 година по однос на истиот период од претходната година вкупниот број на ноќевања е зголемен за 12,4 проценти, така што кај домашните туристи се бележи зголемување од еден процент, додека кај странските туристи има зголемување за 28 проценти. Сето ова укажува на фактот дека по пандемијата и падот на бројот на туристи оваа година ќе се надмине бројката од еден милион туристи со тенденција да се надмине најдобрата 2019. Годинава се очекува да биде остварен поголем девизен прелив од туризмот и угостителството“, истакна државниот секретар на Министерството за економија, Размена Чекич Дуровиќ.

Таа посочи дека годинава, акцентот е ставен и на руралниот туризам како интенција на Светската туристичка организација, но и како потенцијал за развој во земјата. Потенцира дека современиот туризам претставува рефлексија на економските и општествените појави, а со оглед на големата динамика во овој сектор неопходни се брзи реакции и одговори на сите предизвици и прашања.

Целта на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што посочи директорот на оваа институција Ључо Јаневски, е до 2025 година да се надмине и фамозната 1988 година кога на ниво на една друга држава сме забележале 3,7 милиони ноќевања.

„Треба да бидеме горди на достигнувањата и на резултатите, ако ги споредиме и со 2019 година. Сите заедно успеавме да немаме воопшто пад на домашните туристи ако ја погледнеме статистиката со 2019 и 2023 година. Зборуваме за првите 7 месеци, таа е во плус 5 проценти. Доколку ги споредиме странските туристи, тие на ниво на држава ни се минус 11 проценти. Но, ако ја споредиме статистиката во тотални бројки, ние сме се уште минус четири проценти на нивото на целата држава. Но, ако ги споредиме двата наши најголеми туристички центри, Охрид и Скопје, ќе видиме дека и двата се во плус и сум сигурен дека ќе ги постигнеме целите, резултатите за 2023 година, тие се нешто повеќе од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони туристички промет во туризмот и угостителството во 2023“, рече Јаневски.

Тој додаде дека тоа се рекордни резултати кои покажуваат дека како никогаш досега туристичко-угостителскиот сектор и е потребен на нашата економија.

„Ако можеме да имаме 35 илјади работни места, или помеѓу 4 до 5 проценти од вкупниот број на вработени, тогаш можеме и повеќе. Сметам дека сме и доволно мудри и јаки да го направиме во следните две-три години чекорот којшто долго време се очекува, ново реархитектуирање на туристичката индустрија, дополнителна промоција, национални кампањи и се она што е потребно на туристичкиот сектор“, истакна Јаневски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Спортпред 5 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 6 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 9 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 10 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 11 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 12 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 12 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 13 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 15 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена